ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ЖЕНИ ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Центарот за поддршка на жени за територијата на општините Радовиш и Конче е отворен во декември 2022 година како втора компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ кој е дел од проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“ кој го имплементира УНДП во соработка со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.
Во рамките на Центарот работи психолошко советувалиште кое обезбедува стручна психолошка помош за жени и деца кои трпат насилство во моментот, биле жртви на насилство или се во ризик од идно насилство и се спремни да работат на себе.
Советувалиштето претставува безбедно место за разговор каде што се овозможува стекнување вештини и знаења за подобрување на самопочитта, самоопределеноста и безбедноста, место каде што може да се научи да се живее активно, одговорно и достоинствено во интимната партнерска релација.

 

За Безбедна Линија

Со кликнување на копчето Побарај Помош анонимно може да стапите во контакт со стручно лице од советувалиштето. Или пак само внесето го вашето корисничко име и лозинка во соодветниот панел за да почнете разговорот.

Доколку не сте направиле корисник ве молиме да направите со кликнување на копчето регистрирај се.