Центар за поддршка на жени за територијата на општините Радовиш и Конче

Центарот за поддршка на жени за територијата на општините Радовиш и Конче е отворен во декември 2022 година како втора компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ кој е дел од проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“ кој го имплементира УНДП во соработка со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.
Во рамките на Центарот работи психолошко советувалиште кое обезбедува стручна психолошка помош за жени и деца кои трпат насилство во моментот, биле жртви на насилство или се во ризик од идно насилство и се спремни да работат на себе.
Советувалиштето претставува безбедно место за разговор каде што се овозможува стекнување вештини и знаења за подобрување на самопочитта, самоопределеноста и безбедноста, место каде што може да се научи да се живее активно, одговорно и достоинствено во интимната партнерска релација.