ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ЖЕНИ ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во рамките на Центарот за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Конче работи Психолошко советувалиште за жени жртви на родово базирано и семејно насилство.


За кого е наменето советувалиштето?


Услугите се наменети за жени и деца кои во моментот трпат насилство, биле жртви во минатото или се во ризик од идно насилство и се спремни да работат на себе и на сопствениот развој за препознавање и напуштање на кругот на насилството.
Советувалиштето е доверливо место за жени кои имаат потреба од поддршка, анонимност, информации, советување поврзано со насилствотото врз жените.


Форми на работа:


– Индивидуални и групни консултации со жени во Советувалиштето
– Коресподенција по пат на е-маил, социјални мрежи, инстант чатови
– Емоционална и психолошка поддршка и планирање на сигурност
– Информирање и запознавање со правата и начинот на остварување на правата и информации како да се заштитите од насилството


Работа на советувалиштето?
Советувалиштето работи секој работен ден од понеделник до петок од 09 -17 часот. Можете да не добиете на следните телефони за да го резервирате Вашиот термин:
Телефон: 032 630 635
Мобилен: 070 331 800