Доделени новогодишни пакетчиња за деца во социјален ризик

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници во организација на Женска акција и Здружението „Избери нов живот“ во просториите на „Центарот за поддршка на жени за територијата на општините Радовиш и Конче“ Радовиш, беа делени пакетчиња за деца на возраст од 4 до 15 години. Оваа хумана активност е поттикната од дечиња и нивните родители од Германија наменети за деца од Република Северна Македонија кои живеат во социјален ризик.