Отварање на Центар за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Конче

Во рамките на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен „Центар за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Конче“. Овој проект има за цел да воспостави нови форми на меѓуопштинска соработка и соработка со невладиниот сектор во полето на социјалната заштита како и нова форма за институционализирање на квалитетен сервис за поддршка на лицата жртви на семејно насилство и социјален ризик.
На отварањето покрај Градоначалниците на општините Радовиш – г-н Ацо Ристов и на општина Конче – г-н Златко Ристов, присуствуваа Сања Бојаниќ – Заменичка на постојаниот претставник на УНДП и Директорот на Бирото за регионален развој – Рамиз Реџепи и Иванка Соколова, претседателка на Здружението „Женска акција“Радовиш кои всушност се и партнери во проектот.
Инаку прва компонента на проектот е имплементација на веб-базиран систем за електронски услуги на општина Радовиш, во согласност со стратешката определба за дигитализација на работењето на локалната администрација а покрај тоа со овој проект ќе бидат воведени нови услуги во социјалната сфера, и сериозно ќе биде подигната јавната свест за проблемот со семејното и родово насилство.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100088230402520